Škoda ja претстави Scala G-TEC / ФОТО
Трите CNG заедно со малиот бензински резервоар овозможуваат автономија од 630 километри
Иако глобален тренд е автомобилската електрификација, во чешката компанија Škoda веруваат дека има место за метанот или компримираниот природен гас (CNG).
За разлика од поголемата Octavia придвижувана од 1.5-литарски 4-цилиндерски мотор, Scala G-TEC се потпира на 3-цилиндерска 1.0-литарска единица со скромни 90 КС и 160 Nm. Моќта се пренесува преку 6-брзински менувач.
Сепак, фокусот на овој автомобил не се моќта и брзината, туку економичноста, а од Škoda тврдат дека Scala G-TEC со три CNG и еден помал бензински резервоар има максимална автономија од 630 километри. Со само 13,8 килограми гас, Scala може да помине 410 километри, додека 9-литарски резервоар за гас обезбедува дополнителни 220 километри.
Она што треба да се знае дека Scala на гас и не е толку практична како стандардната верзија, бидејќи резервоарите за гас го намалиле багажниот простор од 467 на 339 литри. Но, исто така, и покрај намалувањето, Scala е повторно лидер во овој сегмент во Европа.
Што се однесува до опремата, Scala G-TEC ќе се продава во пакетите Active, Ambition и Style со сопирачки дискови на двете осовини. Делумните LED фарови и задни светла се дел од стандардната опрема, додека за Full LED подршка потребна е одредена доплата. Треба да се споменат и асистентот за одржување на возилото во лентата на движење, како и автоматското сопирање.
Продажбата започнува во последниот квартал од 2019 година.