Škoda Auto понуди увид во тоа како ќе изгледа новиот Škoda Enyaq Coupe iV преку презентирање на официјални дизајнерски скици

Купе варијантата на целосно електричниот модел Enyaq iV има уште поемотивен дизајн и, благодарение на својата извонредна аеродинамика (коефициент на отпор од 0.247 наспроти 0.27 кај SUV верзијата), ќе може да се пофали со уште поголем опсег (534 km) од SUV верзијата (510 km) за Long Range верзијата. 

Настрана закосената кровна линија, новата варијанта ќе дели многу нешта со SUV верзијата, но со новиот Enyaq Coupe iV, Škoda додава особено емотивна варијанта на својата прва целосно електрична серија на модели базирани на Модуларната платформа (MEB) на групацијата Volkswagen. Страничните прагови во боја на каросеријата и големите тркала му даваат моќен изглед на новиот водечки модел со четири врати. Редизајнираната линија на покривот ја нагласува елеганцијата на Enyaq Coupe iV. Од B-столбот, покривот благо се спушта кон задниот дел и беспрекорно се поврзува со задната врата. Назад доминираат натписот Škoda со големи букви под остриот раб и задните светла во облик на буквата „C“, карактеристични за Škoda.

Предниот дел на Enyaq Coupe iV го карактеризираат голема и впечатлива решетка и рамни, остро исечени фарови кои ја нагласуваат ширината на возилото. Новиот Škoda Enyaq Coupe iV ќе биде претставен на јавноста на дигиталната светска премиера во Прага на 31 јануари 2022 година.