Škoda 1203 во модерно руво
Современиот дизајн на Škoda 1203 може да се базира на моделот Volkswagen Transporter и да има подигнат покрив, исто како и на зградите во Калифорнија, вели Даниел Хајек, дизајнер вработен во Škoda Auto
Неговото дело, сепак, не треба да се смета за склоност кон будење носталгија, ниту пак тој сака да промовира ретро стил.
Легендарното комбе кое некогаш го произведуваше Škoda или поточно AZNP, денес не се нуди. Ова е малку изненадувачки ако се знае за „добриот“ деловен обичај на групацијата Volkswagen, која има сличен модел во гамата, и што може, благодарение на својата репутација кај претприемачите, да донесе многу клиенти на чешката марка.
Сепак, сегашниот дизајнер вработен во Škoda, Даниел Хајек, верува дека работите може да се променат и дека чешкото комбе може повторно да се појави во гамата. Затоа, како дел од проектот „Икони во ново руво“, тој го модернизирал ванот Škoda 1203, на начин што тој смета дека е соодветен.
„Таков модел многу добро би одговарал на денешната слика за брендот Škoda“, тврди тој.
Тој предлага евентуалниот иден ван да се заснова на сегашниот со ознака Volkswagen Transporter. Можеби да се користи и модел погоден за кампери како Volkswagen California, со необичен покрив.
Во процесот на дизајнирање на модернизираниот ван, Хајек сакал да го потенцира концептот на безвременост, но не и начин на кој доминантно може да се гледа возилото како „ретро“ концепт.
„Нацртав модерен автомобил кој само благо се потпира на легендата“, ја опишува Хајек филозофијата по која се водел кога работел на рендерот.
Резултатот се рефлектира во дворедниот покрив. Во секој случај, карактерните линии на дизајнерската студија се поостри, и во споредба со оригиналниот 1203 и сегашниот ван со логото на Volkswagen.
Најмногу работа барала задачата да се дизајнира задниот крај на возилото.
„Поранешниот 1203 е релативно тесен модел, додека модерните автомобили се прилично набилдани“, го дефинира проблемот Хајек. Покрај тоа, потребно било стилистички да се поврзат задните сигнални групи на заживеаното комбе од минатото, со оглед на фактот дека оригиналот ги наследил од моделот 1000 MB.
Младиот дизајнер, за да го надмине овој проблем што го носи генерацискиот јаз во однос на стилот, вметнал лесна лента по целата ширина на каросеријата, но со вертикални елементи на светлата на самите страни на ван студијата.