Иако Apple сè уште не ja претставил својата мобилна гама за оваа година, на интернет веќе се шпекулира за телефоните што се планирани за 2019 година

Откако Apple со години претставуваше еден модел на iPhone годишно, од моделот 6 тактиката се промени и неколку години претставуваа по два телефони годишно (со некои исклучоци, iPhone 5C и ЅЕ), а во септември минатата година дури три модели на iPhone. Оваа тактика, ако може да се верува на технолошките медиуми, најверојатно, ќе се задржи и следната година, а веќе се знае дека за овој септември се подготвува наследникот на моделот X, X Plus со екран со дијагонала од 6,5 инчи, и уште еден iPhone со LCD екран со дијагонала од 6,1 инчи.

Новите информации објавени на Electronic Times, се однесуваат на модели кои Apple ќе ги претстави во 2019 година – тогаш оваа компанија би можела целосно да се откаже од LCD екраните, и на сите нови модели да има OLED екрани. Иако не споменуваат конкретни модели и дијагонала на екранот, оваа страница вели дека следната година Apple ќе воведе три модели на iPhone.

Ова е одлична вест за сите љубители на Apple телефоните кои на секои две до три години купуваат нови модели од овие уреди, бидејќи од следната година и најевтиниот iPhone ќе има OLED екран.

Овие гласини доаѓаат од сигурни извори кои, се разбира, не сакаат да го откријат идентитетот, и како и секогаш од Apple не сакаат да коментираат. Бидејќи до септември 2019 година, има повеќе од година и неколку месеци, јасно е дека нешто може да се промени, а Кук и тимот може да се донесат поинакви одлуки кога станува збор за нови телефони или екрани. Единствениот уред на Apple со OLED екран во моментов е iPhone X, а овој тип на екран треба да го има и наследникот X Plus оваа година.

Иако оваа информација е одлична за фановите на iPhone, таа не е добро примена во најголемиот снабдувач на LCD екрани за Apple, па акциите на Japan Display паднаа дури дваесет проценти по објавата.