Genesis како бренд на глобалниот автомобилски пазар е присутен веќе неколку години, а за тоа време се покажа како многу сериозен бренд кој е подеднакво почитуван и од јавноста и од фелата

Кратко време по лансирањето на првиот кросовер, моделот GV80, луксузниот бренд на концернот Hyundai Kia го носи можеби пазарно најинтересниот модел, но и модел кој во моментов ќе игра голема улога во понудата на Genesis на американскиот пазар.

Кога станува збор за дизајнот не се потребни многу зборови. Едноставно кажано, би рекле совршен. Корејските автори во него го внеле најдоброто што може, нудејќи несомнено елегантен дизајн, но и оригинален автомобил со јасен идентитет. Купе дизајнот јасно укажува кон што се стреми корејската компанија, а за сето тоа како помош доаѓа и силната технолошка логистика.

Оваа 5-метарска лимузина се карактеризира со кралски луксуз, супериорна удобност и богата технолошка опрема која е воопшто позната денес во автомобилскиот свет. Уникатниот изглед на внатрешноста го карактеризираа централно поставениот 14,5-инчен екран од инфо-забавниот систем, кој се контролира со она што во Genesis го нарекуваат „допри и пиши“ контролер, заедно со 12,3-инчната 3Д дигитална инструмент табла и Head-up дисплеј.

Функциите Apple CarPlay и Android Auto се стандардни. За користените материјали воопшто и не треба да се коментира – на сите страни дрво, кожа, алуминиум…

Во однос на погонските единици, за G80 се отфрлени 3.3 и 3.8-литарски V6 опции од претходниот модел, како и најмоќниот 5.0-литарски V8. Наместо нив, новиот G80 стартно доаѓа со 2.5-литарски турбобензинец со 303 КС и 420 Nm. Потоа следува 3.5-литарски турбо V6 со 380 коњски сили и 530 Nm, а за одредени пазари е предвиден и 2.2-литарски турбо дизел со 210 КС.

Цените сеуште не се објавени.