Симпатичниот Citroën Ami во авантуристичка верзија / ФОТО+ВИДЕО
Новиот Citroën Ami не дели ништо друго освен името со својот претходник, но сепак е многу интересна опција. Во новата изведба е едноставно неодолив
Ami е мало градско возило за кое приоритет е агилноста. Го придвижува мал електричен мотор од само 8 КС, но тоа е сосема доволно во толку лесно возило да се вози низ град. Изданието Buggy покажува дека на Ami му е дозволено и да излезе од асфалтот.
Засега тоа е концепт, но толку симпатичен што многумина би сакале да го видат во својот двор, пред својата гаража… Особено децата, и тоа оние на возраст од 14 до 77 години, кои во Ami би можеле да најдат вистински извор на забава.
Buggy Concept се дистанцира со теренска доработка во форма на бул бар, заштита на фаровите и продолжетоци на калниците. Возилото добило и теренски гуми, како и дополнително осветлување на покривот, каде што се наоѓа резервното тркало.
Дополнителна посебна карактеристика се водоотпорните панели кои ќе послужат при лоши временски услови, а потсетуваат на Mehari. Во кабината, најоригинален детал се поудобните седишта, а потоа и деталите во контрастна боја.
Citroën не ги открива спецификациите, па се претпоставува дека ништо не е променето освен можеби поставување на дополнителна батерија. Ова би го зголемило досегот од основните 70 километри и би имало повеќе смисла за овој концепт.
[useyourdrive dir=”1G-fWrGPzwMsL7RD1z0uPZnja_ThSTKke” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]