![Швеѓаните со помош на Rimac го соборија најекстремниот светски рекорд / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/09/Koenigsegg.jpg)
Швеѓаните со помош на Rimac го соборија најекстремниот светски рекорд / ВИДЕО
Шведскиот производител на ексклузивни суперспортски автомобили Koenigsegg објави дека нивниот модел Regera го поправил рекордот во дисциплина во која може да се натпреваруваат само неколку хиперавтомобили во светот, вклучувајќи го и Bugatti Chiron
Станува збор за дисциплината забрзување до 400 km/h и повторно застанување (0-400-0 km/h) која на големо искушение ги става можностите за забрзување на автомобилот, но и неговиот систем за сопирање.
Шведскиот Koenigsegg кој на тоа поле е практично е без конкуренција, сега уште еднаш го подобрил својот рекорд, но со друг модел – наместо Agera RS која го потпишува претходниот најдобар резултат, на пистата сега се нашла Regera со хибриден погон. Koenigsegg Regera е хиперавтомобил со бензински мотор од 1.100 КС и три дополнителни електрични мотори. Вкупната комбинирана моќност на погонскиот систем е повеќе од 1.500 КС, а вртежниот момент достигнува 2000 Nm.
Каде е тука во приказната хрватскиот Rimac Automobili? Оваа компанија по нарачка на Koenigsegg развила специјална батерија која, и покрај својот капацитет од само 4,5 kWh, може да испорача моментална моќност од 500 kW.
Со нејзина помош, Regera успеала од место до 400 km/h да забрза, а потоа и да се врати во состојба на мирување за само 31,49 секунди. Поточно, 22,87 секунди до 400 km/h, а остатокот од времето е за сопирање.
Маневарот бил извршен на температура од 16 степени Целзиусови, на 70 метри надморска височина, на писта на еден аеродром во Шведска. Рекордот бил срушен на 23 септември, а зад воланот се наоѓал Сони Персон.
Како потсетување, претходниот рекорд на Koenigsegg Agera RS е 33,29 секунди, а како споредба, на Bugatti Chiron за истиот маневар му се потребни 41,96 секунди.
И тоа не е сè, на крајот на видеото Кристијан фон Коенигсг предупредува дека Ригер има срушено два рекорда. Другата е сè уште мистерија.