Шведскиот Luvly 0 е долг само 280 сантиметри и има домет од 100 километри на електрична енергија
Шведскиот Luvly „0“ е долг само 280 сантиметри и има домет од 100 километри на електрична енергија
Luvly е шведска компанија која произведува микроавтомобили, се подготвува да лансира мал електричен автомобил наречен „0“. Luvly е кратенка за LUV (Light Urban Vehicle) – што претставува мали автомобили дизајнирани за урбана употреба, а токму тоа е моделот Luvly „0“.
Шведскиот двосед е долг само 280 сантиметри и тежок 380 килограми, волуменот на багажникот е 267 литри, а забрзува до максимална брзина од 90 km/h.
Во подот се кријат две батерии со вкупен капацитет од 6,4 kWh, кои обезбедуваат домет од 100 километри. На малата батерија на стандарден европски приклучок од 220-230 V и треба околу еден час за полнење.
Планираната цена е 10.000 евра.
Особеноста на шведскиот новитет е што автомобилските делови ќе се произведуваат на една локација, од каде што би се дистрибуирале во кутии (исто како попознатата шведска компанија IKEA) до остатокот од светот.
Сепак, за да нема забуна, деловите нема да ги склопува крајниот корисник, туку застапниците во секоја земја посебно. Од Luvly тврдат дека стандарден контејнер за испорака ќе собере делови за 20 автомобили. Во тој простор вообичаено би се сместиле најмногу четири автомобили.