Шварценегер со порака до автомобилските производители
Вашето време е завршено, категоричен е холивудскиот актер
Големиот фан на електромобилите, поранешниот гувернер на Калифорнија и холувудски актер Арнолд Шварценегер, упати сериозна критика до светската автомобилска индустрија. Пораките се упатени од светската конференција R20 во Виена, посветена на климатските промени.
Пред учесниците на настанот ссвој говор имале Шварценегер и 16-годишната активистка Грета Тунберг, а двајцата предупредуваат на климатска катастрофа. Според Шварценегер, политичарите во целиот свет не посветуваат сериозно внимание на овие проблеми, иако на Земјата секоја година станува се потопло поради се поголемите емисии на штетни гасови.
„Треба да се дејствува веднаш и сите луѓе да се обединат во борбата против климатските промени. Ја поканивме и Белата куќа да се вклучи во оваа борба, но очигледно поканата се изгубила некаде по пат“, вели Шварценегер за неактивноста на властите во САД.
Холивудскиот актер вели дека не може да разбере зошто производители како Volkswagen се подготвени да лажат, наместо да ја насочат енергијата кон развој на ефикасни електромотори кои ќе се продаваат ни целиот свет
„Вашето време истече и многу наскоро ќе ја разберете таа вистина“, е пораката кон производителите на поранешниот гувернер на Калифорнија (2003-2011 година), кој е меѓу основачите на организацијата R20 – Regions of climate action.