Ограничението важи и за жителите на градот, не само за оние кои го посетуваат

Од понеделник, Штутгарт ќе го забрани пристапот во градот за старите дизели , изјавија официјални претставници на градските власти. Во рамките на забраната спаѓаат и сопствениците на постари дизели кои живеат во Штутгарт, а не само на оние кои доаѓаат во градот.

Под „постари дизели“ се подразбираат автомобилите кои го исполнуваат стандардот Euro 4 – тие немаат право да се движат во градот или да паркираат, освен ако немаат специјална дозвола за тоа.

Возилата кои го исполнуваат стандардот Euro 5 нема да бидат погодени од ограничувањата во моментов, иако градскиот совет објави дека во средината на годината ќе одржи уште еден состанок на темата, а на него ќе се анализираат податоците од тоа како се менуваат нивоата на штетни гасови во Штутгарт.

Германија стана првата држава во Европа, каде одделни градови почнаа еден по друг да го забрануваат пристапот на постарите дизел до централните делови или целата градска територија, а тоа е последица од откриениот глобален скандал Dieselgate на Volkswagen во 2015 година.