
Што вози еден од најдобрите кошаркари во светот? Потпиша договор за 264 милиони долари и се почасти / ФОТО
Автомобилот вреди 320.000 евра, а го придвижува 6,75-литарски V12 мотор со 571 КС
Двократниот добитник на наградата „MVP“ (најкорисен играч) во NBA, 27-годишниот српски центар Никола Јокиќ неодамна потпиша нов повеќегодишен договор со неговиот сегашен клуб Denver Nuggets.
Иако во официјалното соопштение не беа прецизирани финансиските детали од договорот, американските медиуми објавија дека тој е најбогат во историјата на лигата: петгодишен договор вреден 264 милиони американски долари!
Иако кошаркарот од Сомбор не сака јавно да се експонира, на социјалните мрежи штотуку е објавена фотографија од Никола во нов автомобил.
Станува збор за Rolls-Royce Cullinan кој чини 320.000 евра и го придвижува 6,75-литарски V12 мотор со 571 КС и 850 Nm вртежен момент.
Фотографија со новите автомобили објави и тимскиот колега на Никола од Denver Nuggets, Вил Бартон, кој наместо Cullinan го избрал моделот Ghost.