Lamborghini Huracan Performante, автомобил вреден повеќе од 250.000 евра, потонал во езерото Мондси во Австрија. Всушност станува збор за глупава грешка

31-годишен Швајцарец при обид за дрифтање ги помешал педалите за гас и сопирање и „одлетал“ во езерото. Брзината веројатно била голема бидејќи ова Lamborghini одлетало 15 метри и потонало 5 метри под површината на водата.

Возачот успеал да излезе и да доплива до брегот, а потоа бил пренесен во блиската болница.

За операцијата извлекување на возилото биле потребни пет нуркачи, спасувачки балон и влечен кран. Извлекувањето траело околу 3 часа.