Што има во гаражата на рускиот претседател Владимир Путин / ФОТО
Списокот на имотот на Владимир Путин, вклучително и автомобилите во неговата гаража, штотуку е објавен на веб-страницата на Кремљ
Додека поголемиот дел од Европа „трепери“ од страв, а можеби и од зима, поради недостигот на гас, руските експерти за односи со јавност испраќаат lifestyle теми поврзани со нивниот претседател. На украинската граница се трупа воена опрема, светската дипломатија посредува и дење и ноќе и се обидува да спречи војна. Русија има свои интереси, Западот и Украина нивни, а времето ќе покаже кој има право и што ќе се случи.
Сепак, тоа се теми кои ги препуштаме на некои други медиуми. Овде ќе се задржиме на Владимир Владимировиќ, кој во светот е попознат само по презимето – Путин. Според некои, тој е најбогатиот човек на светот или еден од најбогатите, со лично богатство проценето на повеќе од 200 милијарди евра. Оваа информација очигледно никогаш не била потврдена ниту од претседателот ниту од руската влада, но многумина се прашуваат како живее Владимир Путин. Со толку многу пари, многумина веруваат дека рускиот претседател има колекција на автомобили од кои секој милионер би се онесвестил. Сепак, според информациите на официјалната веб-страница на Кремљ, гаражата на Владимир Путин не е типична мултимилијардерска гаража.
Според списокот на имотот на рускиот претседател објавен од Кремљ, Владимир Путин има гаража од само 18 m2 со три автомобили и приколка. Автомобилите не се ништо посебно, бидејќи има двa примероци од GAZ Volga M21 и една Lada Niva. Што се однесува до приколката, таа служи како основа за интеграција на шатор за кампување. Лимузината на Volga се произведувала од 1955 до 1970 година во Горки и била прилично авангардна во тоа време. Имено, тоа е еден од првите автомобили кој е опремен со мотор со 75 коњски сили целосно изработен од алуминиум и поврзан со автоматски менувач.
До нив е руската икона, одличната Lada Niva купена во 2009 година. Според фотографиите кои кружат на интернет, се работи за добро опремена верзија. Од друга страна, автомобилот нема сопствен оригинален мотор. Владимир Путин претпочитал мотор на Opel за да има малку повеќе коњски сили под хаубата. Се чини дека Владимир Путин во слободното време претпочита кампување отколку релаксација во пријатните приморски одморалишта. Во неговата гаража се наоѓа и приколка Skif со тенда што се извлекува. Гледајќи ја фотографијата се поставува прашањето дали претседателот Путин некогаш го поставил шаторот и спиел во него.
Тешко е некој да се пофали со таков возен парк, но познато е дека политичарите својот возен парк го претставуваат поскромно отколку што би можело да биде во однос на нивните приходи. Службениот автомобил на Путин е Aurus Senat, еден вид руски Rolls-Royce.