Фудбалерите на Атлетико Мадрид добија нови службен автомобили

Корејскиот производител и спонзор на Атлетико Мадрид, официјално на секој од играчите на клубот им предаде целосно нов Tucson Hybrid, а примопредавањето се случи на стадионот на клубот – Ванда Метрополитен.

Немаше церемонија од веќе познати причини, но затоа Hyundai направил интересно видео.

Во него се појавуваат играчи и од машкиот и од женскиот клуб кои го возат новиот Tucson Hybrid низ култните области во Мадрид, вклучувајќи ги Плаза де Кастилја, Нептуно, Кала Алкала и Рио Мансанарес.