Што да очекуваме од Mercedes следната година?
Германскиот премиум гигант Mercedes ја откри „офанзивната“ програма за следната календарска година
Покрај веќе најавената В-класа, електричната лимузина EQC и електричнот ван eSprinter, доаѓа новата генерација на CLA, заедно со практичната верзија во издание shooting-brake.
Моделот CLA ќе биде преставен во првата половина од 2019 година, додека варијантата shooting-brake веројатно ќе пристигне во третиот или последниот квартал од годината. Двете верзии на моделот веќе се забележани на тестирање на јавен пат.
Следната година, стандарден редизајн на средината на животниот циклус ќе добијат GLC и GLC Coupe, најверојатно, исто така, во првата половина од годината.
SUV предводникот на Mercedes, сосема нов GLS, се планира неколку месеци подоцна, како одговор на неодамна презентираниот BMW X7.
Во плановите е и осми компактен модел, а се очекува тоа да биде првиот GLB, коцкаст кросовер што ќе ги евоцира спомените на GLK. Овој нов компактен модел треба да биде комбинација на робусноста на моќната G-класа и сите предности на A-Class.
Во моментов нема нов GLA во планот, па затоа треба да се очекува дека тој да пристигне во 2020 година, како нова генерација на влезната варијанта во кросовер гамата на Mercedes.
Нема најава ниту за иднината на градскиот модел Smart, која е неизвесна бидејќи францускиот партнер Renault, наводно, не е подготвен да ја продолжи соработката по сегашната генерација. Mercedes пред неколку месеци објави дека Smart ќе биде целосно интегриран во новиот EQ под-бренд, резервиран исклучиво за електрични автомобили. Сепак, крајот на партнерството со Renault може да го пренасочи вниманието на Daimler од Smart на најмал модел на Mercedes.