Возачката е обвинета за „обид за убиство од прв степен, несовесно загрозување, давање отпор при апсење и голем број други обвиненија“

Возачка на Chrysler 300C предизвикала хаос на автомобилски собир во Мериленд минатиот вторник, кога дрифтајќи се обидела, најблаго кажано можела да удри полицаец и други минувачи. 22-годишната девојка подоцна била уапсена и обвинета за обид за убиство од прв степен.

Инцидентот се случил на паркингот на Walmart во Хановер, Мериленд, САД). Во видеото објавено на Instagram од организаторите на настанот, може да се види како полицаец се обидува да запре Chrysler 300 кој изгледа прилично оштетен.

Возачката не ги почитува наредбите на полицискиот службеник и продолжува да дрфита на паркингот, опасно блиску до минувачите и другите паркирани автомобили.

Најшокантниот дел е кога возачката тргнува кон полицаецот кој за влакно избегнува удар. Сепак, несовесното возење не запира тука, бидејќи овој Chrysler 300 се враќа и се обидува повторно да удри во полицаецот, овој пат со задниот дел од автомобилот. За среќа, луѓето успеваат да се тргнат од патот, иако се можело да заврши многу полошо.

Полицијата пристигнала на местото на настанот по пријава за несовесно возење. Полицајците се обиделе да ја растераат толпата кога возачката намерно се упатила кон нив.

Според Daily Voice, возачката се обидела да удри неколку полицајци и во полициското возило. Очекувано, таа е уапсена и останува во притвор без кауција по посетата на локалната болница.

CBS Baltimore известува дека девојката е обвинета за „обид за убиство од прв степен, несовесно загрозување, давање отпор при апсење и голем број други обвиненија во инцидентот“. Доколку биде прогласена за виновна, би можела да се соочи со доживотен затвор во Мериленд.