Шокантна одлука во Велика Британија: Владата планира порано од предвиденото да ги забрани класичните бензинци, дизели и хибриди?!
Забраната во Велика Британија за продажба на нови бензински и дизел автомобили треба официјално да се помести за цела една деценија – од 2040 на 2030 година
Извештајот сугерира дека во следните денови, забраната за продажба на нови бензински и дизел автомобили ќе биде официјално преместена за 2030 година, односно една деценија понапред – од 2040 во 2030 година. Забраната би вклучувала и хибридни автомобили, но се сугерира дека новите plug-in хибрид нема да биде забранети до 2035 година.
Чистите електрични автомобили во моментов сочинуваат помалку од 7% од пазарот за автомобили во Велика Британија, но нивната популарност силно расте и овој потег треба да го забрза процесот на нивно прифаќање.
Неодамнешната студија објавена од Greenpeace UK тврди дека крајниот рок до 2030 година би довел до создавање на 32.000 работни места до таа година, во споредба со промена на забраната за 2035 година. Во меѓувреме, БДП во Велика Британија ќе се зголеми за дополнителни 0,2 проценти, што е еднакво на 4,2 милијарди фунти, доколку биде избрана 2030 година. Зголемување на вработеноста и повисоко ниво на економска активност која би била резултат на забрзување на забраната, исто така, може да обезбеди 1,9 милијарди фунти раст на нето приходите на Владата до 2030 година, се вели во изработена од фирмата за економска анализа Cambridge Econometrics за Greenpeace UK.
Спроведувањето на забраната во 2030 година ќе создаде илјадници нови работни места директно поврзани со побрза транзиција кон електрични возила, се вели во извештајот. Некои би се однесувале на енергетскиот сектор, производство на батерии и масовно воведување инфраструктура за полнење, но повеќето би биле во услужните индустрии како што се малопродажба, забава и рекреација.
Зголемена економска активност се очекува како резултат на пониските тековни трошоци поврзани со поседување електрични возила, бидејќи возачите ќе имаат повеќе пари за други трошоци. Намалената побарувачка за увезена нафта и зголемената потрошувачка на електрична енергија произведена во Велика Британија исто така може да додаде пари во националната каса. Понатаму, извештајот сугерира дека раното укинување на бензинските и дизел автомобили ќе и овозможи на Велика Британија да се позиционира на таков начин што ќе има поголем удел на домашниот и странскиот пазар на автомобили. Се разбира, ова е само една студија, а тоа значи дека има и други размислувања.
Од друга страна, одлуката доаѓа и покрај предупредувањата од британската автомобилска индустрија дека поместувањето на датумот на забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили во 2030 година би било „поразително“.