Шестата генерација на Opel Corsa достапна и во Македонија!
Бестселерот на Opel, кој само пред неколку дена беше прогласен за Best Buy Car во Европа за 2020 година, синоќа беше официјално претставен во Скопје, пред гости и претставници на медиумите
Новата Opel Corsa ќе биде достапна во продажните салони со почетна цена од 12.920 евра, за верзијата со 1.2-литарски мотор со 75 КС и со рачен менувач.
„Со нетрпение го чекавме моментот кога новата Corsa ќе пристигне на пазарот во нашиот регион и сигурен сум дека ќе бидете воодушевени. За прв пат во својот мал бестселер, Opel нуди технологии и системи за асистенција кои клиентите обично ги знаат само од возилата од повисоката класа. Главната атракција се матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, но има и системи за асистенција од врвно ниво, како и одлична поврзаност и забава со новиот опсег на инфозабавни системи. Оваа година е специјална и за Opel по тоа што воведува и целосно електрична Corsa, но засега на нашиот пазар ќе бидат достапни само бензинските и дизел варијанти“, изјави Александар Мешков, кој како претставник на компанијата Opel се обрати пред просутните.
Новата Corsa својата светска премиера ја имаше пред само три месеци на Меѓународниот автомобилски салон во Франкфурт во септември, и досега ги како што веше напоменавме ги освои титулите Best Buy автомобил во Европа за 2020 година, како и „службен автомобил на годината“.
Кога станува збор за дизајнот, новата генерација на Opel Corsa има малку поразлични пропорции – автомобилот е пред сè понизок, па затоа и има подинамичен, поспортски изглед. Должината е приближно иста како и кај претходната генерација, но затоа автомобилот е понизок за 48 mm, додека положбата на седиштата е пониска за 28 mm, во споредба со генерацијата во заминување.
Продажбата на 4,06 метри долгиот германски автомобил со пет врати започнува со особено економични бензински и дизелски агрегати со моќност што се движи од 55 kW (75 КС) до 96kW (130 КС). Изборот на менувачот е помеѓу 5-степен и 6-степен мануелен, како и 8-степен автоматски (за прв пат во Opel Corsa).
Умерена економичност на горивото и динамично возење се карактеристични за сите погонски единици (потрошувачка на гориво NEDC: град 5,54-3,7 l/100 km; отворен пат 4,2-2,9 l/100 km; комбинирано возење 4,7-3,2 l/100 km, 106-85 g/km CO2; WLTP: комбинирано 6,24-4 l/100 km, 144-104 g/km CO2, сите податоци се прелиминарни).
За прв пат, Corsa добива предни светла со LED технологија односно IntelliLux Matrix LED, а новата, потесна предна маска ја комплетира спортската слика на автомобилот. LED диодите целосно ги „освоиле“ и стоп-светлата.
Значителни промени во однос на тековната Opel Corsa се забележливи и во салонот. Автомобилот сега има многу посовремен кокпит со дигитален инструмент панел (во повисоките пакети на опрема) и мултимедијален 7-инчен екран (во основната верзија), а достапен е и опционален, голем 10-инчен екран.
Дури и основната верзија на новата Corsa доаѓа со многу технологии и удобности, како што се греење на управувачот и греење на кожните седишта со функција за масажа за возачот. Системите за помош вклучуваат, на пример, Предупредување за преден судир со автоматско сопирање и препознавање на пешаците, Интелигентен темпомат, Систем за одржување на возилото во сообраќајната лента и Препознавање на сообраќајните знаци.
Над основната верзија, доаѓаат три пакети на опрема со различни акценти кои се однесуваат на различни групи на клиенти. Corsa Edition вклучува популарни додатоци, Corsa Elegance е скроена за максимална удобност, а Corsa GS Line комбинира дополнителни спортски карактеристики.