Неколку вработени во Tesla деновиве излегоа во јавност со тешки обвиненеија против шефовите во компанијата, тврдејќи дека работат под многу тешки услови и се приморани да прават „ризични и импровизирани решенија“.

Повеќето тврдења се однесуваат на фабриката за производство GA4, голем шатор кој беше подигнат минатата година во Фримонт, Калифорнија, објави CNBC.

Четири работници кои работеле на производните линии велат дека шефовите ги тераат да користат изолир лента за да ги закрпат пукнатините на пластичните носачи и куќишта.

Работниците исто така, објавија дека во некои случаи воопшто не се изведени тестови за безбедност, како и тоа дека понекогаш по лентите поминуваат делови од автомобилите иако не се целосно комплетирани.

Работниците додаваат и дека работат во тешки услови, за време на екстремна топлина и студ, целосно незаштитени.

Tesla нормално негира се што е кажано.