Лука де Мео, шефот на групацијата Renault, објави неколку важни новини, од кои најинтереснa е онаа дека треба да се очекува зголемување на цените на возилата од марката Dacia. Цените на Dacia ќе се зголемат, како неопходна и логична последица од воведувањето нови европски регулативи

Романската марка во моментов е во некаков процес на внатрешна револуција. За краток временски период, во блиското минато, Dacia лансираше три модели кои ќе играат важна улога во идниот асортиман на марката. Јасно е дека мислиме на Sandero, Sandero Stepway i Logan и Логан, кои се еден вид предвесник на новата палета производи со етикети на Dacia.

Сепак, покрај обновувањето на портфолиото со ажурирање на веќе постоечки производи, за да се разбере моменталната состојба, мора да се стави фокус и на комплетно новите модели на четири тркала кои ќе ја зголемат понудата на возила на Dacia. Од една страна го имаме комплетно новиот модел Dacia Spring, како прв електричен автомобил со ознаки на марката, а кој се очекува да направи револуција во урбаната мобилност. Од друга страна пак е новиот седмосед со подигната позиција на седење. Треба да го заземе местото на веќе „пензионираните“ модели на марката Logan MCV и Lodgy.

Како извршен директор на групацијата Renault, Лука де Мео, иако малку во завиена форма, вели дека е многу очигледно дека цените на ценовно достапните возила на Dacia ќе мора да пораснат. 

„Daciа одлично се движи во однос на профитабилноста, а истото важи и ако ги земеме предвид деловниот модел, дефиницијата на производот и индустриската рефлексија. Dacia е за мене исклучок што го потврдува правилото. Сепак, како такво, ќе мора малку да ги зголеми цените на своите производи, со цел да се справи со барањата на новите регулативи за емисија“.

Како овие најави ќе влијаат на цените на автомобилите Dacia на нашиот пазар, останува да видиме.