Победникот на Големата награда на Монако, Мексиканецот Серхио Перез го продолжи договорот со тимот на Red Bull до крајот на 2024 година

Како потсетување, Перез во тимот од Милтон-Кејнс дојде во 2021 година на местото од Александар Албон. Тогаш потпиша едногодишен договор, а минатата година го продолжи на уште една година.

Сепак, јасно е дека Мексиканецот се чувствува се поудобно во болидот на Red Bull. Чеко во моментов е третопласиран возач во шампионатот со 110 бодови што е многу блиску до бодовното салдо на неговиот тимски колега и лидер во шампионатот, Макс Верстапен.

„Горд сум што сум дел од тимот. Сега целосно се чувствувам како да сум дома. Работиме заедно многу добро и мојот однос со Макс, на и надвор од патеката, дефинитивно ни помага да продолжиме напред“, вели Серхио Перез.

Перез минатата сезона ја оствари втората победа во кариерата на Големата награда на Азербејџан. Успеа да дојде до уште четири подиуми во сезона каде што често имаше неконзистентна форма. Сепак, оваа сезона како да уфрли во повисока брзина. Победи во Монако и освои уште три втори места.

„Чеко прави фантастична работа откако дојде во Red Bull. Од време на време, тој докажува дека не само што е одличен тимски играч, туку и неговото ниво накомфор расте и сега е вистинска сила на врвот од гридот“.

„Оваа сезона направи нов чекор напред и значително го намали заостатокот зад светскиот шампион Макс, а доказ за тоа е пол-позицијата во Џедај и прекрасната победа во Монако. За нас воопшто не беше прашање дали сакаме да ја задржиме неговата брзина, умешност и искуство“.

„Драго ни е што Чеко ќе продолжи со тимот до 2024 година, тоа само ме прави исклучително среќен“, вели Кристијан Хорнер.

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin

tải sunwin sunwin game bài sunwin

sun win

sunwin

sunwin club sunwin tài xỉu sunwin club