Основачот на Williams и една од најважните личности во Formula 1, Сер Френк Вилијамс, вчера попладне е примен во болница, но причината сè уште e непозната

По настанот се огласи и семејството велејќи дека состојбата на 78-годишниот Вилијамс е стабилна, но не откриваат повеќе детали бидејќи станува збор за семејна работа.

Френк Вилијамс го изгради еден од најмоќните брендови во Formula 1. Тимот го оформил во 1966 година, а со него има освоено седум возачки и девет конструкторски титули, што го става на второто место на вечната листа зад Ferrari со 16. Френк Вилијамс водството на тимот во 2012 го остави на својата ќерка Клер но сепак остана со него.