Британскиот производител на суперавтомобили McLaren ги бележи најдобрите резултати во својата историја, па така само минатата година испорачале 3.340 возила

Откако компанијата во Вокинг се концентрираше на производство на автомобили за стандардните патишта, таа постепено како да стана заштитен знак за класата на суперкар.

Секој McLaren се изработува рачно, а дневно се изработуваат околу 20 возила.

<iframe width=”700″ height=”394″ src=”https://www.youtube.com/embed/sveI-2d8f1Y” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>

Првите луѓе на McLaren имаат многу големи амбиции и планираат да лансираат 18 нови модели до 2025 година. Во тој период ќе биде еликтрифицирана целата гама на производителот.

Многумина со посебна нестрпливост го очекуваат наследникот на легендарниот F1, најавен со кодно код BP23.