Од компанијата Segway велат дека ќе запрат со производство на својот истоимен „личен транспортер“ на две тркала Segway PT (PT – Personal Transporter), популарен за изнајмување кај туристи и, како опрема, меѓу американските полицајци

Segway, од каде храбро тврдеа дека нивниот „личен транспортер“ – платформа со рачка, поставена на две тркала попречно, ќе го промени начинот на кој луѓето се движат, ќе го заврши своето производство засекогаш на 15 јули.

 Џуди Каи, претседателката на Segway, вели дека возилото се здобило со популарност кај туристите во поголемите градови од Северна Америка, Европа, Азија, Јужна Америка и Блискиот исток. Но, Segway PT, кој на поширока платформа носи патник кој стои, минатата година на компанијата и донел помалку од 1,5 процент од вкупните приходи. Компанијата објави дека 21 вработен – оние кои ги склопувале „личните транспортери“ – ќе бидат отпуштени, а уште 12 ќе си заминат за два месеци до една година, додека петмина ќе бидат префрлени на други работни места.

 Сепак, „револуцијата во превозот“ која американскиот изумител Дин Кајман ја предвидуваше кога компанијата беше основана во 1999 година, никогаш не стигна до широките народни маси онака како што се очекуваше.

 Оригиналната цена на возилото Segway од околу 5.000 долари беше една од пречките за многу купувачи. Покрај цената причината за неуспех е и начинот на управување – за возење е потребно возачот да одржува рамнотежа под одреден агол со цел возилото да се движи напред, да врти со наклон на телото на едната или другата страна и да сопира со наклон на телото наназад. Ако центарот на гравитација на возачот премногу се помести во која било насока, контролата веднаш се губи и падот е неизбежен. Токму затоа во некои градови овие возила се забранети.

 Иако не е јасно како пронаоѓачот размислувал за пазарот кога го направил и го понудил производот, компанијата во 2009 година ја купил британскиот милионер Џим Хеселден. Новиот сопственик наскоро загинал кога со својот Segway, кој го возел недалеку од Лондон, на 62-годишна возраст, и со кој лошо завртел и слетал во клисура длабока десетина метри.

 Има и други примери кои укажуваат на проблематичноста на „личниот транспортер“. Претседателот на САД Џорџ В. Буш во 2003 година избегна повреда година, кога падна од Segway во летниот дом на неговите родители во Кенебанкпорт, во државата Мејн. Снимател на Segway, налета на Усеин Болт во 2015 година, додека спринтерот од Јамајка го трчаше победничкиот круг по трката од 200 метри во Пекинг. Болт не беше повреден, а подоцна се пошегува за судирот.

 Во 2017 година, Segway се зафати со профитабилен бизнис со електрични скутери, од причина што, за разлика од првото возило, тие се лесни, ефтини и едноставни и веќе ги окупираат градските улици.

 Во 2018 година, регистрираните корисници на тротинети направиле 38,5 милиони патувања на заедничките градски електрични тротинети, се вели во извештај на Националното здружение на службени лица за градски превоз на САД, а што е у ште еден доказ за големиот пад на популарноста на Segway PT.