
Сегашната Fiat Panda на пазарот ќе остане до 2026 година
Шефот на Stellantis, Карлос Таварес, ја разјасни иднината на италијанскиот бестселер, барем неодамнешниот…
Со месеци се зборува за тоа што ќе и донесе утрешниот ден на Panda. Од Fiat велат дека новата генерација ќе биде рангирана меѓу кросоверите од сегментот Б, и дека ќе може да смета на електричен погон, како и дека ќе се базира на концептот Centoventi од 2019 година. Сосема е сигурно дека работите навистина ќе се развиваат во таа насока, на крајот на краиштата, по 2026 година Fiat повеќе нема да продава возила со мотори со внатрешнос согорување во Европа.
Но, што е со сегашната Panda? На пазарот е од 2011 година, што според сите стандарди на модерната автомобилска индустрија го прави во голема мера пензионер. Сепак, оваа „Баба панда“ е сè уште повеќе од витална, бидејќи сè уште апсолутно доминира на домашниот, италијански пазар, а во исто време, заедно со Fiat 500, е еден од лидерите во сегментот А во целина на Стариот континент.
Значи, далеку од тоа дека Panda и покрај годините веќе нема што да каже. Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis потврди дека сегашната итерација на малиот хечбек ќе опстане на пазарот до 2026 година, како и дека производството ќе се одвива во фабриката во Помиљани. Тука ќе се составува и Alfа Tonale, а најверојатно и Dodge Hornet.
Но, што ќе се случи со новата генерација на Panda? Се чини дека ќе дојде пред 2026 година и дека ќе коегзистира со застареното издание со мотор со внатрешно согорување барем некое време, слично на сегашната ситуација со традиционалната и EV варијанта на Fiat 500.
Тоа би значело дека Panda ќе мора да износи уште четири години на своите раменици, а на крајот од циклусот би ги исполнила сите свои петнаесет години постоење, што е речиси без преседан во модерната автомобилска индустрија. Извесно е дека Fiat во меѓувреме ќе мора да примени уште едно ажурирање, за да го одржува моделот повеќе или помалку во чекор со времето.