Новиот X-Trail во Европа пристигнува со e-4ORCE технологија, новиот погон на сите тркала специјално прилагоден за електрифицирани модели

Nissan официјално ја претстави четвртата генерација на моделот X-Trail, кој ќе биде достапен во верзии со пет и седум седишта.

Ова е вториот модел во понудата на Nissan за европскиот пазар кој ќе биде опремен со e-POWER погон. Во X-Trail, овој систем се состои од моќна батерија, бензински мотор со варијабилна компресија, генератор, инвертер и моќен електричен мотор од 150 kW инсталиран напред.

Бидејќи тркалата се придвижуваат исклучиво од електричниот мотор, забрзувањето е моментално и линеарно.

Системот e-POWER е значително подобрен за новиот X-Trail. Овој систем веќе се користи во моделот Note (за јапонскиот пазар) чиј 1.2-литарски бензински мотор ја полни батеријата и развива вкупно 106 КС. Во европскиот X-Trail, работите се малку поинакви. Имено, тој е опремен со 1.5-литарски бензински турбо мотор со варијабилна компресија, со вкупна моќност од 150 kW (204 КС).

Карактеристика на системот e-POWER е што бензинскиот мотор се користи само за производство на електрична енергија, а тркалата ги придвижува исклучиво електромоторот. Тоа значи дека моторот секогаш работи во оптимален опсег на вртежи, што значително ја намалува потрошувачката на гориво во град.

Благодарение на погонот на чиста електрична енергија, нема доцнење во реакциите како кај моторите со внатрешно согорување или кај традиционалните хибриди.

Бидејќи возачите поминуваат 70 проценти од своето време на приградски патишта, Nissan го развил и „e-Pedal Step“ – целосно нов систем за возење со помош на само една педала. При градско возење, значително ја намалува потребата за поместување на стапалото од една на друга педала и овозможува на возачите да забрзуваат и забавуваат користејќи ја само педалата за гас.

Системот мора прво да се активира со помош на копче на централната конзола. После тоа, педалата за гас сепак ќе служи за забрзување, но кога ќе ја ослободите, возилото нагло ќе забави.

Додека повеќето купувачи најверојатно ќе ја изберат верзијата e-POWER, X-Trail ќе биде достапен и со традиционален, благо електрифициран 1.5-литарски турбо мотор со варијабилен однос на компресија. Тој моќен мотор од 120 kW (163 КС) кој развива вртежен момент од 300 Nm ќе биде достапен во комбинација со погон на две тркала и безстепенски автоматски менувач Xtronic со симулирани степени.

При услови на еднолично возење и лесно забрзување, односот на компресија ќе биде поголем за да се намали потрошувачката. Во динамични услови на возење, системот ќе го намали односот на компресија за да ја зголеми моќноста. Погонот е опремен со благ хибрид од 12 V.

Новиот X-Trail за европскиот пазар пристигнува со e-4ORCE технологија, нов погон на сите тркала специјално прилагоден за електрифицираните модели на марката. Тоа е најнапредната технологија за контрола на сите тркала на Nissan која гарантира сигурно лежење на подлогата и забрзување во сите услови на возење.

Моќниот двоен електричен погон развива вкупна моќност од 157 kW (213 КС) благодарение на моќниот заден мотор од 94 kW кој овозможува брзо забрзување од 0 до 100 km/h за 7 секунди.

Во споредба со механичкиот погон на сите тркала, вртежниот момент се доставува до задната оска 10.000 пати побрзо.

Новиот X-Trail е опремен и со напреден мултимедијален систем со богата палета на поврзани услуги, вклучително и интеграција на паметни телефони, вграден Wi-Fi кој овозможува поврзување до седум уреди, NissanConnect Services и специјална апликација за поврзување и следење на возилото.

Поголемиот, 12,3-инчен NissanConnect дисплеј со повисока резолуција е дигитална порта за навигација, мултимедија и поставки за возилото. Компатибилен е со системите Android Auto и Apple CarPlay, со кои може да се поврзе и безжично.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WHoqX8aFRno_iyvThzYc1_FMpitJsfjf” account=”111249205543595091068″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|author|contributor|editor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]