Седиштата на Ford ќе ја мерат влажноста на воздухот
Вентилација и загревање на седиштата се едни од омилените додатоци на современите сопственици на автомобили
Ford се обидува да го подобри овој систем со патентирање на нова технологија која е чувствителна на влажноста на воздухот. Системот ја мери влажноста во автомобилот и автоматски ја прилагодува контролата на климата на седиштата за топло, ладно или суво време.
Не е многу покомплицирано од стандардните седишта со греење и вентилација, бидејќи во него има сензор што ја мери влажноста. Ова е овозможено со неколку пропусни дупки во наслонот на седиштето кои овозможуваат воздухот да стигне до сензорот.
Во внатрешноста на седиштето има дури и сензор за светлина кој ја покажува влажноста на седиштето.
Покрај оваа технологија, Ford воведува и нов начин за подобро производство на седишта со 3Д-шиење, техника што овозможува седиштата да бидат без видливи шавови со неограничени опции за персонализација. Оваа техника, која веќе се користи во производството на патики за трчање, облека и мебел, нуди нови можности за производителите на автомобилска опрема.
Ford сака нивните клиенти да имаат максимална слобода во дизајнирањето на седиштата, како што се додавање џебови и слично, како и поголема употреба на пропусни материјали за летни услови.
3Д-шиењето исто така овозможува и употреба на текстили подобни за вградување на елементи како што се контроли за вратите и прозорците, греење, сензори за здравјето на возачот, па дури и безжично полнење на телефонот.
Оваа техника воедно ги намалува и трошоците бидејќи не вклучува отстранување и сечење на различни материјали за нивно спојување во целина. Создава навлаки без спојки, употреба на различни видови предива како што се волна, свила, јаглеродни влакна, па дури и рециклирани материјали.
Покрај тоа, оваа технологија обезбедува повисоко ниво на прецизност и повисок квалитет на завршна обработка од стандардните навлаки, елиминирајќи ги наборите и другите недостатоци.Секој дел од ентериерот може да содржи материјали од 3Д шиење, вклучувајќи ги контролната табла и тапацирот за вратите.