SEAT започнува со производство на електрични скутери и тротинети
Шпанскиот производител на автомобили претстави нов бренд за урбана мобилност, наречен SEAT MO
Како што велат од шпанската компанија, новата марка е „иницијатор на стратегијата за урбана мобилност, фокусирана на производи и услуги од микромобилноста“. Во превод, станува збор за линија на електрични скутери и тротинети, кое стануваат сè попопуларно индивидуално градско возило.
Првите модели што ќе ги понуди SEAT MO се скутерот eScooter 125 и тротинетот eKickScooter 65.
SEAT MO eScooter 125 е електричен мотоцикл дизајниран да го олесни урбаното движење. Тој комбинира електричен мотор од 9 kW (12 КС) интегриран во задното тркало и батерија од 5,6 kWh за да обезбеди автономија до 125 км.
Еквивалентно на мотоцикл 125cc (оттука и името), eScooter 125 е наменет за приватна употреба или компании кои даваат услиги за споделено возење. Електричниот мотор испорачува вртежен момент од 240 Nm, доволно за максимална брзина од 95 km/h и забрзување од 0-50 km/h за само 3,9 секунди.
Интересно е што батеријата од 5,6 kWh може да се отстрани и да се вклучи во домашен приклучок за струја – иако може да се наполни и на мотоциклот.
Електричниот мотоцикл доаѓа со неколку режими на возење (City, Sport и Eco), како и обратна брзина за да се направи маневрирањето поедноставно. Се одликува со модерен дизајн и може да се купи во три ексклузивни мат бои: Daring Red, Dark Aluminum и Oxygen White.
SEAT MO eScooter 125 исто така нуди и простор за складирање на два кациги или комбинација на кацига и други предмети. Исто така, доаѓа со две USB порти и апликација за следење.
Вториот модел, SEAT MO eKickScooter 65, е електричен скутер кој овозможува автономија од 65 километри со едно полнење на батеријата. Ова е можно со батерија од 551 Wh. Батеријата го напојува електричниот мотор од 350 W, што му овозможува на eKickScooter 65 агол на искачување до 20 степени. За да се прилагоди кон регулативите на некои пазари како Германија, најголемата брзина е ограничена на само 20 km/h.
EKickScooter 65 овозможува избoр помеѓу три режими на возење: Eco, Drive и Sport. Моделот ќе биде достапен со ексклузивна мат црвена боја Daring Red.