Германските политичари за заштита на животната средина продолжуваат со кампањата за ограничувања на брзината на автопатите

На поголемиот дел од германскиот Autobahn нема ограничување на брзината уште од 1970 година

Во согласност со трендот за еклошки промени, поборниците на оваа насока сметаат дека ограничувањето на брзината е еден од клучните фактори.

Една од нив е Саскија Ескен, лево ориентиран лидер од Социјалдемократската партија (СПД) која предлага ограничување на брзината од 130 км на час.

„Ограничувањата на брзината на нашите патишта се добри за заштита на климата, за зголемување на безбедноста и за смирување на нервите на возачите. Од тие причини, повторно ќе разговараме за тоа во новата година“, вели Ескен во интервју за Times.

Taa предвидува дека ограничувањето на брзината значително ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид и тоа за околу 2.000.000 тони годишно, со што Германија ќе ја донесе на ниво на остатокот од Европа.

Од друга страна, Министерот за транспорт и член на владејачката Христијанско- демократска унија (CDU), Андреас Соер, посочува дека автобанот е далеку побезбеден од руралните патишта.

Тој наведува пример од 2013 година кога само 17% од смртните случаи во сообраќајот се случиле на германските автопати на кои се одвива 31% од целиот сообраќај.

Сепак, неодамнешните истражувања велат дека околу 53% од Германците го поддржуваат предлогот на г-ѓа Ескен. Слична идеја била покрената пред 12 години од Агенцијата за заштита на животната средина, но била одбиена од канцеларката Ангела Меркел.

Изградбата на германските автопати е започна во раните години на 20-ти век, но кулминирала во 1930-тите со доаѓањето на Адолф Хитлер. Потоа, нацистите ја поставиле лимит на брзината во урбаните области (60 km/h), а на автопатите оставиле без ограничување.

За време на нафтената криза во 1973 година, ограничувањата накратко биле повторно воведени, но многу брзо Германците повторно добиле шанса да возат со неограничена брзина на автопатите.