Се за „лајк“ повеќе! Овој човек сака да виси од вратата на најскапите автомобили / ВИДЕО

Некои популарноста ја имаат стекнато со достигнувања кои го оплемениле светот, а за некои целта е само да добие „лајк“ повеќе

Во овие вторите е и Кристоф Зицман, кој продава и изнајмува егзотични автомобили, а во слободното време очигледно сака да привлекува внимание. Неодамна учествувал на „Go Luxury Summer Tour 2022“, а како што веќе најавува името, придружник во возењето му бил Bugatti Chiron.

Од само нему познати причини, дошол на идеја да виси до вратата од автомобилот. Ситуацијата ја зачинил со тоа што тоа го правел над канал, додека правел згибови. И ова не му е прв пат. Иако е тешко да се извлече поука од виденото, нема сомнеж дека проектантите навистина размислувале за јачината на секој дел од возилото, вклучувајќи ја и рамката на вратата. Секоја штета што би била предизвикана од ваква егзибиција секако не би била вклучена во гаранцијата, а поправката би била скапа за сопственикот, како и се што е на тој автомобил.

Ако малку пребарате за Зицман на социјалните мрежи, ќе забележите дека ова не е изолиран случај. Очигледно има фетиш кон вратите на егзотичните автомобили, па е снимен како истото го прави со Rolls-Royce, но и со Bugatti Veyron. Судејќи по бројот на посети, ваквите егзибиции очигледно имале големо влијание на популарноста на неговите профили.