Дизајнот на Nikola One доаѓа oд Rimac

Американската стартап компанија Nikola веќе ја обвини Tesla Motors за кражба на дизајнот на својот камион, за сега да се дознае дека дизајнот всушност потекнува од хрватскиот Rimac. Наводно, позната е и цената

Така барем тврди Financial Times, повикувајќи се на луѓе блиски до компанијата. Дизајнот на овој „револуционерен“ камион на водород го купил основачот на компанијата Тревор Милтон, кој мораше да се повлече од функцијата поради скандалот со промовирање на непостоечка технологија.

Nikola One е камионот за кој оваа стартап компанија ја тужи Tesla уште од 2018 година. Се спорат околу дизајнот. Имено, Tesla Semi и Nikola One се многу слични, а во Nikola сметаат дека Tesla го украла дизајнот. Tesla ги негираше сите обвинувања и од компанијата изјавија дека Адријано Мудри е дизајнерот на концептниот камионот RoadRunner на кој се базира Nikola One. Тревор Милтон бил свесен за овој концепт пред да одлучи да го заштити и да го искористи. Во Nikola тоа не го негираат.

Сега приказната добива продолжение според кое излегува дека оригиналниот дизајн е навистина создаден од дизајнерот на Rimac, но Милтон го купил од авторот уште во 2015 година, за неколку илјади долари, тврди Financial Times. Тоа, наводно, се случило кога Милтон бил во посета на Rimac.

На почетокот на овој месец, Hindenburg Research објави дека Nikola, кој работи на наводно „револуционерниот“ камион со водороден погон Nikola One од 2016 година, всушност нема технологија. Тие дополнително објавија дека промотивното видео е измама, во кое тие го снимаат камионот на Nikola по надолнина, за да се создаде впечаток дека тој вози со сопствен погон.