Се повеќе „лудаци“ на патиштата… Се налутил зошто му се свири и гестикулира и… / ВИДЕО
На снимката од камерата во возилото се гледа возач кој на 21 јануари околу 7 часот се возел по автопатот кон Флорида
Видео клипот започнува со мирни тонови, со човек кој си пее во возилото, идентификуван како Ерик Попер, цивилен противпожарен инспектор во противпожарната служба на Мајами Бич во моментот на инцидентот.
Детективите рекле дека Попер му го пресекол патот на друг возач, а на аудио снимката се гледа како Попер извикува: Напред. Господе боже. Во тој момент „жртвата“ зад него ја употребила трубата во возилото. Тогаш се слуша псовка од Попер по што, според наводите на инспекторите, притиснал на сопирачките.
Властите соопштија дека другиот возач, зад воланот на Toyota Camry, возел веднаш зад теренецот на Попер и правел некои движења со раката низ прозорецот.
Она што следи како реакција од изнервираниот Попер е за секоја осуда…
SLATER SCOOP: Exclusive video of road-rage shooting in Miami from in-car camera.
The shooter seen here was arrested and is awaiting trial. He told cops the other driver fired first.
(Warning: Language and gunfire) pic.twitter.com/10vDVEwBbw
— Andy Slater (@AndySlater) January 28, 2022
Според соопштението на полицијата, Попер застанал, контактирал со властите и ги сочекал на бензинска пумпа. Возачот на Toyota Camry застанал во трговскиот центар на северозападната 119 улица, каде ги контактирал и надлежните. Попер подоцна им се предал на властите, поднел оставка од работното место и сега се соочува со неколку обвиненија.
По овој инцидент многу Американци тврдат дека контролата на поседувањето оружје во Америка треба да биде многу поригорозна …