Со вкупна висина над водената линија од 105 метри, идниот носач на автомобили ќе биде највисокиот брод во светот

Пред неколку години, Wallenius Marine претстави револуционерен систем за едрење наречен Oceanbird. Заедно со друг индустриски партнер, Alfa Laval, Wallenius сега има намера да изгради пионерски товарен брод, опремен со системот Oceanbird, кој би станал највисокиот брод во светот. Тоа е затоа што Oceanbird се состои од едра од 80 метри, што го прави двојно повисок од јарболите на најголемите бродови на денешноната.

Со вкупна висина над водената линија од 105 метри, идниот носач на автомобили би бил највисокиот брод на светот, но тоа не би го спречило да стигне до кое било пристаниште, поради фактот што овој модерен систем на едра е телескопски, така што ако е неопходно лесно се подига и спушта. Што се однесува до перформансите, благодарение на овој систем за едрење, идниот носач на автомобили со капацитет до 7.000 возила на него, би можел да го помине Атлантикот за 12 дена, патувајќи со брзина од 10 јазли. Засега не се знае многу за помошниот мотор.

Овој тип на едра може да се инсталираат и на постоечки пловни објекти. Wallenius тврди дека RoRo бродот опремен со едно едро ќе ја намали потрошувачката на гориво до 10%. Ова би било еквивалентно на 675.000 литри дизел годишно и речиси 2.000 тони CO2 годишно.