Volkswagen го искористи својот Twitter канал за да ја „загрее“ публиката со ново видео за претстојната светска премиера на целосно новиот и 100% електричен модел ID.Buzz

Volkswagen ID. Buzz, кој ќе биде дел од портфолиото на одделот за лесни комерцијални возила (Volkswagen Commercial Vehicles (VWCV), ќе биде првата пазарна понуда на Volkswagen која ќе може да работи автономно.

Концептната верзија на ID.Buzz дебитираше со погон на четири тркала, со два електромотори со 369 коњски сили. Со најавениот опсег со едно полнење од околу 600 километри, електричниот автомобил може да забрза од 0 до 96 km/h за околу 5 секунди и да развие максимална брзина од околу 160 km/h.

Volkswagen ID. Buzz е опремен со батерија со капацитет од 111 kWh, која може да се наполни до 80% за околу 30 минути кога е поврзана со систем за брзо полнење (150 kW).