Хибридниот SF90 Stradale Asseto Firoano, plug-in хибрид со 1000 КС, е опремен со тексас седишта и тексас облоги на конзолата пред возачот и совозачот.

Тексас фармерките и Ferrari можеби и не се комбинација која се „мириса“, но италијанската марка ќе направи речиси се за да ги задоволи клиентите, а како што може да се види од автомобилот од салонот на Ferrari во Форт Лодердејл, САД, само имагинацијата на клиентот е граница.

Хибридниот SF90 Stradale Asseto Firoano, plug-in хибрид со 1000 КС, е опремен со тексас тапацир на седиштата и на конзолата пред возачот и совозачот. Така сакал купувачот, кој е многу среќен, а се претпоставува дека овој SF90 го чинел повеќе од 500.000 долари. Позитивната страна е тоа што секогаш може да се врати на кожа или алкантара, како традиционален избор на материјал во внатрешноста на Ferrari. Ако му се досадат фармерките.