Се ближи премиерата на петтата генерација на Renault Clio
Новата, петта генерација на популарниот градски автомобил треба да се појави во март, а ќе има и хибридна варијанта
Renault го подготвува новoto Clio, а тест-возило e „уловено“ во Шведска за време на тестирањето во екстремни зимски услови за возење. Во оваа фаза на тестирање, возилото се уште е целосно маскирано за да се прикрие надворешниот дизајн.
Новото Clio нема да се заснова на сосема нова механичка платформа, туку на подобрена CHF основа која ја користи и тековната четврта генерација на овој автомобил.
Основниот модел ќе користи 3-цилиндерски 0.9-литарски турбо бензински агрегат, а во понуда ќе се најде и новиот 1.3-литарски бензински агрегат со 4-цилиндри.
Новото Clio, исто така, ќе има и верзија со т.н. благ хибриден погон, опремен со електричен систем од 48 волти.
Иако се шпекулираше дека премиерата на Clio 5 ќе се случи минатата есен, на Парискиот саем за автомобили, ова не се случи, и речиси сигурно овој модел ќе дебитира во март во Женева.