Првиот човек на германскиот бренд, Ралф Брандстатер ја загреа атмосферата објавувајќи визуелизации на нова електрична верзија на ID.3 

Станува збор за графики кои го прикажуваат моделот во кабрио верзија. Доколку Volkswagen реши да започне со производство, компанијата ќе биде прва која има електричен кабриолет со четири седишта.

Ралф Брандстатер не потврдува дали автомобилот е подготвен или дали ќе има сериска верзија. Сепак, тој признава дека брендот го проучува пазарот и реакциите на потенцијалните купувачи. Доколку реакциите на пазарот ветуваат можен успех, автомобилот ќе влезе во производство.

Доколку Volkswagen би можел да го протурка овој проект, тој би бил првиот претставник на новата генерација на електрични автомобили со четири седишта без покрив. Предноста за Германците е секако малиот број на конкуренти не само во сегментот на електрични возила, туку воопшто, бидејќи популацијата на кабриолети постепено се намалува.

Како и да е, возилото претставено во визуелизациите, барем според нас, изгледа навистина ветувачки.