Постојат многу технолошки решенија кои го намалуваат радиусот на вртење, но оваа изведба е далеку најефикасна и најпривлечна

Изведбата е дело на Rivian, односно SUV моделите R1T и R1S. Некои од вас веројатно знаат дека станува збор за startup компанија за електрични возила и досега успеала да привлече голем број инвеститори. Многумина ја гледаат како најсериозна алтернатива на Tesla.

А една од посебните карактеристики на возилата е можноста да се свртат во место. Во Rivian не откриваат како се остварува овој маневар, но тврдат дека тоа е можно и кај двата нивни модели. Компанијата дури ги заштитила термините кои го опишуваат овој маневар, Tank Steer и Tank Turn. Очигледно е дека електрониката (различна насока на ротирање на левото и десното тркало) и огромната моќност на погонските електрични мотори навистина можат да го направат овој атрактивен маневар, но сè уште не е познато дали ќе се нуди преку некоја посебна програма на возилото.