Само 3 модела го „положиле“ новиот тест на Euro NCAP
Тест на системите за активна безбедност и асистенција на возачот
Во 2018 година, независниот Euro NCAP воведе нов тест за проверка на работата на системите за автономно движење на возилата. Тогаш, ниту еден модел не успеа да се справи со тестот, но оценки не беа дадени, бидејќи беше одлучено дека критериумите сè уште не се до крај дефинирани, а самата програма за тестирање треба да се подобри.
Сега сè е подготвено, па Euro NCAP повторно проверил како работи системот Highway Assist, кој вклучува системи за активна безбедност и асистенти на возачот. Овие системи се во основата на идниот автопилот. Во тестовите учествувале 10 нови модели кои се продаваат во Европа – Audi Q8, BMW 3-Series, Ford Kuga, Mercedes-Benz GLE, Nissan Juke, Peugeot 2008, Renault Clio, Tesla Model 3, Volkswagen Passat и Volvo V60, кои се оценети во две различни категории.
Првата е Assistance Competence, која вклучува електронски системи кои бараат учество на возачот, а втората е Safety Backup, во која уредите за активна безбедност се активираат сами во критична ситуација. Оценката на моделите е максимално четири ѕвезди или нивоа – Entry (влезно ниво), Moderate (задоволително), Good (добро), Very Good (одлично).
- Entry (1 звезда) – Renault Clio
(асистенти на возачот – 62%, активна безбедност – 43%) - Entry (1 звезда) – Peugeot 208
(асистенти на возачот – 61%, активна безбедност – 40%) - Moderate (2 звезди) – Volkswagen Passat
(асистенти на возачот – 76%, активна безбедност – 61%) - Moderate (2 звезди) – Volvo V60
(асистенти на возачот – 71%, активна безбедност – 50%) - Moderate (2 звезди) – Tesla Model 3
(асистенти на возачот – 36%, активна безбедност – 95%) - Moderate (2 звезди) – Nissan Juke
(асистенти на возачот – 52%, активна безбедност – 72%) - Good (3 звезди) – Ford Kuga
(асистенти на возачот – 66%, активна безбедност – 86%) - Very Good (4 звезди) – Audi Q8
(асистенти на возачот – 72%, активна безбедност – 84%) - Very Good (4 звезди) – BMW 3-Series
(асистенти на возачот – 82%, активна безбедност – 90%) - Very Good (4 звезди) – Mercedes-Benz GLE
(асистенти на водача – 85%, активна безопасност – 89%)
Според генералниот секретар на Euro NCAP, Мајкл ван Ратинген, резултатите од тестот покажуваат дека системите за помош при возење стануваат се подобри и подостапни. Тие веќе нудат добра рамнотежа помеѓу обемот на обезбедена помош и нивото на учество на возачот, кој, сепак, продолжува да биде одговорен за сè што се случува на патот.
EuroNCAP, исто така, предупредува дека многу сопственици на возила се заведени при купувањето автомобил со „самостојно управување“ поради несоодветните комерцијални имиња дадени на нивните системи од страна на одделни автомобилски компании, како на пример Autopliot, ProPilot или KoPilot.