Дали некогаш сте се запрашале што останува од автомобил по судир со брзина од над 200 km/h?

EuroNCAP и слични организации со години вршат стандардни краш тестовиво кои безбедноста на автомобилот се тестира со брзина под 60 km/h (IIHS 64 km/h). Неофицијално понекогаш се организираат и тестови со поголема брзина, најчесто за забава, а таков е примерот подолу.

Ако неможете да го гледате целото видео, појдете на 18 минута и ќе можете да видите како изгледа кога Opel Omega ќе удри во неподвижен објект со три пати поголема брзина. Штетата е страшна. Автомобилот е тотално уништен до непрепознатливо ниво, а единствениот цел дел е багажникот. Судејќи според она што може да се види, невозможно е да се замисли дека некој во Opel-от може да преживее. Автобусот е исто така сериозно оштетен, така што жртви би имало со сигурност и во него.