Сакате нова Toyota? Еве кој модел најмногу ви одговара според хороскопскиот знак!
Секој хороскопски знак има свои карактеристики, и во зависност од нив, на секој му одговата различен модел.
Така барем мислат во Toyota каде одлучилe да го понудат својот предлог за оптимален избор на автомобил според хороскопските знаци. Јапонскиот гигант издвоил 12 автомобили од својата гама
Овните се спортисти, љубители на активниот живот и желни да се натпреваруваат. Идеален автомобил за нив е GR 86, барем според мислењето во Toyota.
Биковите повеќе ги ценат семејните вредности, како и долготрајните пријателства.Тие се спонтани, но сакаат да се држат до остварливите планови. Сакаат да патуваат, и најдобро ќе се чувствуваат караван модел каков што е Corolla Touring Sports Hybrid.
Близнаците се креативни, секогаш посебни, импулсивни и подготвени да се покажат. За нив идеален автомобил е Aygo и тоа во некоја привлечна комбинација на надворешни бои.
Раковите се лојални души на кои секогаш можете да се потпрете. Тие секогаш го бараат најдоброто за семејството, а нивното возило мора да биде пространо и удобно. Затоа им се советува да го изберат Highlander, големиот теренец со 7 седишта.
Лавовите сакаат задоволство, а ги обожуваат најновите технологии и гаџети. Во Toyota, тие мислат дека Yaris е најдобриот избор за нив, но во спортска GR изведба. Нема сомнение дека и некои други хороскопски знаци би функционирале во овој автомобил.
Девиците се непоколебливи и секогаш 100% посветени, без разлика дали станува збор за пријателство, врска или кариера. А за оние кои бараат сигурност и супериорна употребливост, единствената опција е Hilux.
Вагите се навистина посебни. Во потрага по хармонија и праведна врска, тие се и најсвесни за животната средина, па затоа не е чудно што во Toyota за нив го нудат bZ4X. Засега, тоа е концептот на електричен теренец кој ќе излезе на патиштата во 2022 година.
Доаѓаме до Шкорпиите, кои ги бие глас на средени и мирни лидери, подготвени да ја преземат контролата. Тие се друштвени и посветени на семејството и пријателите, а понекогаш им се допаѓа малку луксуз и малку повеќе стил. C-HR во изданието GR Sport е идеален избор за нив.
Стрелците се спонтани, забавни и склони кон патувања, најлесно ќе влезат во своите авантури со еден Land Cruiser. Тоа е избор што веројатно би го избрале повеќето кои имаат барем малку авантуристички дух во себе.
Оние во знакот на Јарец се склони кон практичност, ред и дисциплина, и во нивниот избор често се отворени за нови технологии. Тие се вклопуваат во RAV4, во форма на Plug-in Hybrid.
Водолиите се отворени авантуристи кои секогаш одат по својот пат. Тие ги ценат човечките врски, но се најсреќни во сопственото друштво. Тие се подеднакво добри во град и на отворено, а возилото што им одговара е Yaris Cross.
Романтичните Риби се вистински уметнички души. Ја сакаат природата, но сакаат и нови идеи. Нивниот прв избор е Mirai, прекрасен седан со погон на водород.
Дали се согласувате со изборот на Toyota?