Тоа што Bugatti им овозможи на љубителите на брендот, но и на сите останати, да пијат кафе на место каде што до неодамна било незамисливо (освен за сопствениците на возила со галскиот грб), по цена од 50 британски фунти за чаша, само кажува колкава е разликата помеѓу вистинската (производна) цена на автомобилот и цената што се бара од клиентите

Споменатата цена се однесува на обично еспресо, кое рака на срце се служи на крајно необично место и во шолја од пластика засилена со јаглеродни влакна, но…

Еторе еспресо барот е отворен во престижната лондонска елитна населба Мејфер. Името го носи по познатиот Еторе Бугати и се наоѓа во деловните простории на дистрибутерот HR Owen Bugatti. И порано таму можело да се испие кафе, но само со покана, додека сега тоа е можно и за други заинтересирани лица. Главната понуда предвидува еспресо наречено The Ettore Shot. 

Еторе еспресо барот тврди дека е најексклузивен објект од тој вид, а во своето мени за пијалоци нуди и капучино, лате, американо или бело кафе, како што е макијато, иако водечкиот производ е гореспоменатиот The Ettore Shot. Ако мислевте дека тоа е некој вид на магичен пијалок, ќе се разочарате бидејќи тоа е обично еспресо, иако со некои други погодни придобивки што доаѓаат со шолјата.

Секој кој ќе нарача од пијалокот The Ettore Shot ќе добие и пристап до луксузниот салон на егзотичната марка каде што ќе може одблиску да ги погледне возилата и да разговара со амбасадорите на брендот. Цената почнува да има смисла, нели?

Инаку, кафулето е создадено врз основа на принципите прокламирани од самиот Еторе Бугати, што значи дека е изградено по највисоки стандарди. Ова подразбира имплементација на мебел од колекцијата Bugatti Home, додека машината за кафе е именувана Ausonia M-20.

Соодветната атмосфера создаваат автомобилите кои стојат во позадина, како и самите додатоци на Bugatti, кои на целокупното искуство му даваат посебен шмек. Самиот изложбен салон е украсен со внимателно одбрани уметнички ракотворби, скулптури и фотелји Bugatti по нарачка изработени, со сини тонови од карбонски влакна и меки кожни тапацири.

Епа сега, кој сака, може, нека повели!