Глобалниот недостаток на чипови и полупроводници е растечки проблем и одамна почна да влијае на автомобилската индустрија

Поточно, веќе во првите неколку месеци од 2021 година, производителите на автомобили ги почувствуваа последиците од овој недостаток, а ситуацијата станува сe посериозна.

Фабриките за автомобили ги затворaа своите фабрики една по една оваа година, вклучувајќи ја и Toyota, еден од најголемите светски производители на автомобили, која исто така ги почувствува последиците од недостаток на полупроводници во август и го прекина производството во фабриките во САД, Канада, Мексико и на други места во светот.

Поради овој прекин во снабдувањето, Mercedes-Benz сега е принуден да ги продолжи роковите за испорака на своите автомобили, а како што дознава Frankfurter Allgemeine Zeitung, овие продолжени рокови може да бидат подолги од една година. Ова за Reuters го потврди и извршниот директор на Daimler, Ола Калениус. 

„Побарувачката е голема, а во исто време, за жал, постојат сериозни ограничувања. За некои модели, времето на чекање е подолго отколку што би сакале, во некои случаи повеќе од една година”.

Тој ги потврди и информациите кои претходно пристигнаа од Mercedes и BMW, според кои проблемот со глобалниот недостаток на чипови најверојатно нема да се среди до 2023 година, иако следната година влијанието врз производството на возила би требало да биде нешто помало.

Интересните вести од Mercedes се однесуваат и на нивните моќни V8 мотори, па и покрај гласините дека тие наскоро ќе бидат целосно надвор од понудата, шефот на Mercedes-AMG, Филип Шхајмер вели дека V8-те ќе бидат присутни уште најмалку 10 години поради големата побарувачка на клиентите ширум светот.