Руски балерини на новиот календар на производител на приколки за автомобили
Деновиве во Руската Федерација беше прикажан многу креативен календар, кој е поврзан и со автомобилската индустрија
Имено, балерините од рускиот град Перм, изграден на падините на Урал, односно на границата меѓу Европа и Азија, а со близу милион жители, покажаа делови од руски приколки за потребите на создавање на нов календар. Идејата на авторот на ова дело не била отелотворена само во полесна навигација во просторот и времето, што е вообичаена цел на календарот, туку и да им овозможи на луѓето да развијат имагинативни мисли.
Фабриката во Краснокамск, која произведува приколки за автомобили, е позната по своите необични „машки“ календари, кои експерти ги дизајнираат шест години по ред. Во снимањето обичено учествуваат продесионални модели. Овој пат на страниците на новиот календар за првпат се појавуваат балерините од Перм, кои со помош на сопствените тела демонстрираат резервни делови за приколките на марката Expedition.
Покрај необичните фотографии, календарот содржи и QR кодови преку кои се стигнува до веб-страница со детален опис на одреден дел од приколката. Со кликнување на врската, можете да дознаете за производствените технологии, дебелината на металот што се користи во одредени делови од влеченото возило, како и заштитните облоги за корозија.
Авторите со гордост наведуваат дека уметничкиот дух на градот Перм, а кој го пренесуваат балетани и балерини од тој регион на Русија, заедно со локалната индустрија, е познат во целиот свет. Тие исто така нагласуваат дека сакаат да ја разбудат креативната и имагинативната страна во очите на корисниците на календарот, за светот да биде поубаво место за живеење.