Поранешниот прв човек на Formula 1 Берни Еклстон верува дека Луис Хамилтон повеќе нема да биде дел од „најбрзиот караван на светот“

Британецот за малку ќе ја освоeше рекордната осма шампионска титула, но Макс Ферстапен го спречи во тоа со претекнување во последниот круг од последната трка сезонава. Возачот на Red Bull со многу контроверзи дојде до својата прва титула. На крајот на краиштата, шефот на Mercedes, Тото Волф, изјави дека се надева дека разочарувањето од губењето на титулата на овој начин нема да го турне Хамилтон кон излезната врата.

Сега се огласи и поранешниот прв човек на Formula 1.

„Не сум разговарал со Луис, но разговарав со неговиот татко пред неколку дена. Веднаш почувствував дека тој не сака да зборува за иднината на својот син. Разговаравме само за работа”, рекол Еклстоун. „Не знам што се случува со Луис, но мислам дека нема да се врати. Тој беше премногу разочаран. И тоа е разбирливо. Можеби сега е време да го оствари својот втор сон, со седум светски титули колку што има Михаел Шумахер“.

На заклучокот дека „сребрените стрели“ на тој начин ќе бидат многу ослабени, Еклстоун вели:

„Луис може само да загуби во 2022 година. Кој знае каква ќе биде ситуацијата со новите болиди. А негов тимски колега ќе биде амбициозниот Џорџ Расел. Не треба да го заборавиме ниту Ферстапен. Хамилтон конечно најде рамноправен ривал во него, по многу години“.