Заобиколувањето на забраната се случува со помош на Индија

Во декември, Европската унија го забрани речиси целиот увоз на сурова нафта по морски пат од Русија. Два месеци подоцна, ЕУ ја продолжи забраната за гориво од Русија. Сепак, овие правила не ги спречија земјите како Индија да купуваат евтина руска нафта, да ја преработуваат, на пример, во дизел гориво и да ја испорачаат во Европа како премиум.

Оваа азиска земја е на пат да стане најголемиот европски снабдувач со нафтени деривати овој месец, додека купува рекордни количини руска нафта, според податоците собрани од Bloomberg и аналитичката компанија Kpler. Во април обемот на испораки на нафтени деривати од Индија во ЕУ се зголемил од 143.000 барели на 365.000 барели дневно.

„Руската нафта се враќа во Европа и покрај сите санкции, а Индија, која го зголемува извозот на гориво на Западот е добар пример за тоа“, вели Виктор Катона, водечки нафтен аналитичар.

Развојот на овој вид достава има мешани импликации за ЕУ. Како прво, на блокот му требаат алтернативни извори на дизел гориво сега кога ги прекина директните текови од Русија, која беше нејзин главен снабдувач.

Сепак, ова на крајот не ја намалува побарувачката за руска нафта, туку само води до дополнителни транспортни трошоци и зголемен обим на средства за ЕУ. Тоа значи и поголема конкуренција за европските рафинери кои немаат пристап до евтина руска нафта.

Извршниот директор на Repsol SA, Josue Ion Imaz, вели дека рускиот дизел нелегално влегува во Европа и ги повика властите да ги прекинат овие испораки. Сепак, тој не зборува за трговијата преку Индија, туку за проток на дизел гориво што доаѓа директно од Русија, по таканаречени „сиви канали“. Прелиминарната истрага на шпанските власти не откри докази дека руски дизел влегол во земјата и во ЕУ, изјави владин претставник, додавајќи дека истрагата е во тек.

Според податоците на Kpler, обемот на увоз на нафтени деривати во Европа од Индија ќе надмине 360.000 барели дневно, што е нешто повисоко од увозот од Саудиска Арабија, а во април влезот на руска сурова нафта во Индија, иако сеуште нема официјалне податок, сигурно ќе надмине 2 милиони барели на дневно ниво, што е речиси 44% од вкупниот увоз на нафта во земјата.

Потсетување дека повеќе од половина од испораките на руска нафта по море беа наменети за Европската унија и Г-7 пред блокот да почне да ги намалува набавките како одговор на инвазијата на земјата на Украина на почетокот на 2022 година.