Роналдо си купи ново Bugatti, цената страшна! / ФОТО
Станува збор за специјална серија од само 10 примероци.
Уште во 2020 година, протекоа информации дека тој бил еден од десетте среќници кои си резервирале место за новото Bugatti. Како страстен фан на Bugatti, но и колекционер на автомобили, тој го избрал Centodieci за своe третo Bugatti, пишува германски Bild.
Голема инвестиција, со оглед дека автомобилот кој го платил 9,5 милиони евра, денес многу веројатно вреди повеќе. Да потсетиме, ова е специјална серија базирана на Chiron, која му оддава почит на моделот EB110.
Се придвижува од истиот 8.0 W16 мотор, но засилен со моќност од 1.600 КС. До 100 km/h стигнува за само 2,4 секунди, а максималната брзина е 425 km/h.
Интересно е тоа што Роналдо оваа година веќе го купи освежениот Bentley Flying Spur вреден четвртина милион евра. Неговата колекција во моментов вклучува Ferrari F430, Lamborghini Aventador, најмалку две Bugatti, McLaren Senna, два Rolls-Royce, Porsche 911, Koenigsegg CCX, Bentley Continental GT Speed, Range Rover Sport SVR, Maserati GranCabrio и неколку Audi и Mercedes модели. Се уште е неизвесно дали тој е мистериозниот купувач на Bugatti La Voitture Noire, познат како најскапиот автомобил во светот.
Во секој случај, оваа инвестиција не претставува проблем за Португалецот. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе заработи 125 милиони долари пред оданочување оваа сезона, дополнителни 70 милиони долари од плата и бонуси, и уште еден милион од спонзорства и неговиот бренд CR7.