Rolls-Royce доби забрана од ЕУ. Еве зошто!
Европската унија му забрани на британскиот производител да ја поставува својата заштитна фигура Spirit Of Ecstasy на автомобилите – доколку е осветлена
Осветлениот Spirit Of Ecstasy, Rolls-Royce за првпат го претстави на електричниот концепт 102 EKS уште во 2011 година. Опцијата наскоро стана достапна за моделот Phantom, претходната генерација на Ghost, како и за моделите Dawn, Wraith и Cullinan.
Британскиот производител сега е принуден да се откаже од оваа опција поради промена во регулативата на Европската унија која се однесува на светлата на автомобилите, а дел од намалувањето на светлоснотот загадување.
Така, идните сопственици на автомобили Rolls-Royce ќе бидат лишени можноста да го имаат овој украс кој од друга страна многумина автомобилски фанови го сметаа за невкусен.
Сјајниот Spirit Of Ecstasy ќе мора да се отстрани и замени со стандардна метална фигура и кај веќе купените возила, а за кои сопствениците платиле цена од дури 3.500 фунти (3.860 евра).