Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 26.07.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 , се зголемуваат за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.07.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,981 ден/кг.

Во објаснувањето на одлуката за зголемување на цените стои:

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 5,549 % или за 38,750 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 4,440 % или за 25,650 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,392 % или за 25,100 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,346 % или за околу 19,500$/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,0620 ден/$ и е за околу 0,29% понизок од курсот на доларот (52,2134 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и зголемениот износ на акцизата за дизелот согласно членот 92, став (3), точка 2), алинеја 1, потточка б) од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,36%.