Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 28.06.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,719 ден/кг.